Вархеји најави 30 милијарди евра за Западен Балкан

Комесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархели, денеска во Тирана изјави дека оваа година е година на Западен Балкан.

Изјавата ја даде по Самитот на лидерите на земјите од Западен Балкан кој започна денес во Тирана, а фокусот на дискусијата беше економијата и регионалната соработка.

Вархеји рече дека спроведувањето на Економскиот и инвестициски план во регионот ќе биде почеток на крајот на кризата со коронавирусот, најавувајќи дека планот за инвестиции ќе мобилизира третина од БДП на регионот.

„30 милијарди евра ќе бидат распределени во регионот. Планот нема да фнкционира само ако регионот не функционира како целина “, рече Вархели, истакнувајќи дека тоа ќе се постигне само доколку водачите на Западен Балкан работат заедно за да создадат заеднички регионален пазар.

„Како што рече, спроведувањето на тој план ќе овозможи минување на граѓаните низ земјите со лична карта, признавање на универзитетски дипломи и укинување на работните дозволи.

„Сето ова ќе овозможи соработката на Западен Балкан да биде во служба на граѓаните“, рече Вархели. Ал џезира