Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји денеска ќе престојува во кратка работна посета на Бугарија, соопшти Европската комисија.

Работната посета, иако кратка, беше најавена дури утрово, јавуваат медиуми.

Вархеји беше во Софија пред само три недели кога учествуваше на форумот „ЕУ се среќава со Балканот“ и кога оствари средба и со шефот на државата Румен Радев.

Вархеји денеска предвидено е да има средби со претседателот Румен Радев, премиерот Кирил Петков и министерката за надворешни работи, Теодора Генчовска.

Минатата недела претседателот Румен Радев изјави дека се зголемува притисокот од земјите-членки на ЕУ, Бугарија за укинување на ветото на преговарачката рамка за членство на Македонија во ЕУ.

Според него, на притисокот може да се одолее кога ќе има јасни позиции кои го имаат предвид бугарскиот интерес.