Бранителот на регионалната ракометна титула Вардар си ги отвори вратите за деветти настап на завршните турнири во СЕХА-лигата, славејќи над Нексе во Нашице со 31:30 во првиот четвртфинален дуел.

Реваншот ќе се одигра на 15 март од 20:15 часот во арената „Јане Сандански“ во Скопје, а фајналфорот е закажан за 3-5 април во Задар.

Двократниот европски шампион имаше „пеколна“ завршница, откако во средината на второто полувреме хрватскиот вицепрвак водеше со 26:22.

Вардаровото лево крило Тимур Дибиров потсети на своите најдобри игри во црвено-црниот дрес, реализирајќи ги сите 12 удари кон противничкиот гол!

Резултати од другите четвртфинални средби: Мешков Брест – Мотор Запорожје 30:28, Татран Прешов – ППД Загреб 21:25 и Војводина – Веспрем 26:31.