Градоначалникот на Скопје го потпиша договорот со Владата на РСМ и ТАВ со кој се предвидува изградба на мост со кој ќе се поврзат улицата Љубљанска и бул. Илинден со улица Скупи во Општина Карпош.

на улица Љубљанска во Карпош. Вредноста на договорот изнесува 382,5 милиони денари со вклучен ДДВ, а рокот на изведба е до крајот на 2023 година.

Мостот ќе има 4 коловозни ленти, пешачки и велосипедски патеки од двете страни на коловозот. Вкупната должина на сообраќајницата изнесува 940 метри додека должината на самиот мост изнесува 113 метри.

Договорот е потпишан во согласност со одлуката на Владата за прераспределба на средствата од концесионерот ТАВ, кои беа наменети за изградба на карго аеродром во Штип во вкупен износ од 35 милиони евра со кои почнува реализацијата на 99 инфраструктурни проекти во 75 единици на локалната самоуправа низ државата.