Откако денеска од Мирјана Најчевска, беше прозанаво контекст на онике кои беа најжестоки противници на менување на името, професорката Биљана Ванковска на ФБ постираше одговор:

„Ми кажуваат дека Најчевска ме прозива (ничим изазвана) да сум се изјаснела за ребрендирањето на Холандија, а притоа со сила ме турка во прегратките на ВМРО-ДПМНЕ 😉 А јас таму не сум ни била, ниту ќе бидам (хмм, можеби ѝ е мака што си имам симпатии за Левица, не знам – а таа кутрата заглави во центар, ни лево ни десно).

Па, ај да ѝ одговорам на „Твојата“ Најчевска (кога е веќе толку обземена со мене): промената на името на државите не е нова работа – впрочем, ако една Персија си го смени, зошто други држави не би го чинеле тоа. Т.н. ребрендирање на Недерланд не е ништо друго туку инсистирање на она што им е официјално име – Кралството Недерланд, ама подолу во коментарите ставив линк кој упатува како другите нации ја ословуваат земјата согласно своите јазички традиции и карактеристики.

Најчевска не е глупава како што се прави за да не знае дека промената во Северна Македонија беше направена СО СИЛА, со кршење на сите принципи на правната држава, на меѓународното право, Виенската конвенција, под надворешен диктат, и со последици кои даааалеку го надминуваат „ребрендирањето“ на името на државата. Нам не ни е гајле како ќе не’ викаат другите, ама нам ни е одземено правото на суатвното име и неговата употреба по дома! А им се наметнува и на трети земји…

Холандија и досега си имаше повеќе називи сама за себе (Holland, The Nethelands не се новина), ама ова го прави од свои причини (демек, озлогласено било името Холандија заради дрогата и проституцијата). И нека го прави! Тоа си е нивна суверена работа. Но, тие нема да менуваат историски читанки, трговски кодови, документи, пари, униформи – и тоа по диктат!“ пишува Ванковска.