„Жалосно е што се почесто сме сведоци на дивјаштвото врз реквизитите и урбаната опрема која претходно била поставена на местата каде граѓаните најчесто рекреираат“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Оптина Гази Баба, Борис Георгиевски.

Тој постестува дека изминатиот викенд беше спроведена заедничка акција за чистење на Парк шумата Гази Баба, како и обновата на урбаната опрема и реквизитите кои по само нелколку дена биле уништени.


„Се прашувам, до кога ли? Кому му е толку мерак да уништи нешто што е поставено и за него? Наместо да се одржува и чува она што веќе го имаме, се повеќе се уништува“ – прашува градоначалникот.