Холандскиот познавач на состојбите во Македонија и регионот Ханс Ван ден Берг тврди дека шефот на државата Пендаровски и екс вицепремиер и министер Никола Димитров се политички камелеони.
Ван ден Берг коментира статус на австралискиот новинар со македонско потекло Саша Узунов кој тврди дека претседателот Пендаровски бил дел од македонските тајни служби и бил поддржувач на Слободан Милошевиќ а потоа станал поддржувач на НАТО.
,,Не сум сигурен дали се работи за македонска трговија, но во 2001 година – кога поминав подолго време во Скопје и околината – веќе имаше луѓе како претседателот Пендаровски (тогашен портпарол на МВР, како Милошоски) и Никола Димитров. Се чини дека тие ја сменија страната повеќе од еднаш. Политички „камелеони“”, пишува холандскиот познавач на состојбите во Македонија.
Тој анализира дека сега Пендаровски има став кој е различен од тој на СДСМ а за Димитров вели дека своите разлики со СДСМ требало да ги брани додека бил на функција а не кога бил избркан од владата.
,,Зборувам за неколку децении во кои исти политичари играат различни игри со текот на времето, и потребно е малку време да се види низ нивните игри. Имаше големи надежи и за г-дин Пендаровски и за г-дин Димитров. Само Пендаровски изненадува со став кој е различен од СДСМ.
За време на функцијата Г-дин Димитров беше едно со премиерот Заев во воспоставувањето на Договорот за „Пријателство“ и Преспа, се додека не беше соборен од македонската влада. Да се зборува одстрана е многу полесно отколку да се спротивстави на мислење додека сеуште сте на функција и партиска икона”, смета Ван ден Берг за двајцата политичари кои ги познава долго време.
Straight away? I'm talking about several decades in which same politicians play different games over time, and it takes some time to see through their games. Had high hopes for both Mr Pendarovski & Mr Dimitrov. Only Pendarovski surprises with attitude that's different than SDSM.
— Hans van den Berg (@bipdirector) July 29, 2022