Холандскиот експерт за Балканот, Ханс ван ден Берг, низ примерот со воздухот во Македонија покажува што се случи со еден куп ветувања на поранешниот премиер Зоран Заев дадени пред да дојде на власт и шест години подоцна.
„Еве што излезе од ветувањето дадено во 2016 година лично од Зоран Заев, кој вети дека Македонија ќе види драстично подобрување од страшното загадување и наместо тоа ќе има алпски свеж воздух. Како и со здравството, економијата, енергијата, корупцијата/владеењето на правото итн., работите само се влошија“, го коментира Ван ден Берг на Твитер шестото место на Скопје на листата на градовите со најзагаден воздух во светот денеска.