Ван ден Берг: За разлика од Преспа, нема странски фактори кои би ја протуркале промената на Уставот

Холандскиот експерт за Западен Балкан, Ханс ван ден Берг, го коментира почетокот на собраниската процедура за промена на Уставот заради вклучување и на Бугарите во него.

„СДСМ/ДУИ повторно заглавија со 70 гласа. За разлика од Преспа, нема странски фактори кои би помогнале во политичкиот инженеринг за да се протурка промената на Уставот (поради недостигот од владеење на правото и други фактори). Опозицијата добро подготвена. Политичката криза достигна ново ниво. Сè на штета на граѓаните“, објави Ван ден Берг на Твитер.