Холандскиот експерт за Балканот Ханс Ван ден Берг забележува дека македонската надворешна политика е поделена на 2 табори.
Во едниот табор е министерот за надворешни работи Бујар Османи кој ја потпиша безбедносната и дипломатска иницијатива КВАД составена од Албанија, Косово, Црна Гора и Македонија а без Србија за која сè уште нема опипливи резултати за целосно следење на европската заедничка надворешна и безбедносна политика.
Во вториот табор според Ван ден Берг е премиерот Ковачевски кој потпишува билатерални договори со Србија во рамки на иницијативата Отворен Балкан.
Ексклузивно наспроти инклузивно. Што е мудрост? Дали едното може да постои до другото, се прашањата што го збунуваат експертот за Балканот.
,,Очигледно, договорите Србија-Македонија, и во рамките на Отворениот Балкан и билатералните договори, блиската соработка за Ковид-19 и верскиот компромис, ги зацврстија односите Србија-Македонија што е делумно поврзано со лошите односи Бугарија – Македонија. Софија се жали на сѐ уште напредните српско – македонски врски”, анализира Ван ден Берг.
Според него ситуацијата е дифузна затоа што Косово за разлика од Србија и Босна и Херцеговина се усогласува со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ (ЗНБП) но пет земји членки на унијата не го признаваат. Од друга страна Македонија е дел од КВАД и е усогласена со ЗНБП, но е блокирана од земја членка на ЕУ, Бугарија.
Тоа според Ван ден Берг предизвикува пиблиско приближување меѓу Македонија и Србија во која Македонија може да се гледа како врска што недостасува меѓу Србија и Грција додека медиумите во Србија погрешно го перцепираат КВАД (Quad) како „Голема Албанија“.
Во меѓувреме вчера двата табори кои според Ван дер Берг се поделиле за надворешната политика а кои се предводени од СДСМ и ДУИ се поделија и за уставните измени по вкус на ВМРО-ДПМНЕ.
Додека ДУИ веднаш ја отфрли можноста уставот да биде за национална држава на македонскиот народ и сите други малцинства меѓу кои и Бугарите од СДСМ велат за оваа опција со ВМРО-ДПМНЕ да се разговара во рамки на работните групи.
СДСМ и ДУИ се разидоа за ставот на Мицкоски уставот да се менува по хрватскиот модел