Холандскиот експерт за Балканот, Ханс ван ден Берг, покажа афинитети и за спортот покрај за политиката со коментарот под новата објава за македонскиот капитен Кирил Лазаров на официјалниот налог на Твитер на 27. Светско ракометно првенство во Египет.

„Кирил Лазаров, како и Горан Пандев во фудбалот, е еден од оние Македонци кои покажуваат дека возраста е само бројка. Потребен е само еден таков пример за да инспирира цел тим (било да е тоа ракомет, фудбал, одбојка или кој било друг спорт) и да ѝ донесе радост на целата нација“, твитна Ван ден Берг.

„7 е неговиот број.

40 е неговата возраст.

Само застанете таму и прашувајте се.

Не, тој не е волшебник.

@ЛазаровКирил7 #Египет2021“, е твитот на официјалниот налог на мундијалот.