Ван ден Берг до синот на Сорос: И бруцош на балкански студии знае дека нема такво нешто како „северномакедонски“

Холандскиот експерт за Западен Балкан, Ханс ван ден Берг, му укажува на синот на Џорџ Сорос, Александар, дека не постои придавка „северномакедонски“.

„Не постои такво нешто како ‘северноимакедонски’, само македонски. Ова го знае секој студент од прва година на балкански студии. Другиот твој македонски пријател, Никола Димитров, напиша јасно парче, веднаш по ‘Преспа’, за тоа како треба и како не треба. Неверојатно е тоа што ви недостига основно познавање на најважните работи на Западен Балкан“, реагира Ван ден Берг под објавата на Твиер од Сорос помладиот за неговата средба со вицепремиерот Артан Груби.