Ван ден Берг до Нефју: На македонските граѓани им е преку глава од корупцијата, но и од мешаните пораки од САД

Холандскиот експерт за Балканот, Ханс ван ден Берг, му реплицира на координаторот за глобална антикорупција на американскиот Стејт департмент, Ричард Нефју, кој вчера се сретна со највисокото државно раководство на Македонија.

„Само што ја завршив ангажираната и продуктивна посета на С. Македонија, каде што разговарав за тоа како Соединетите Држави можат даѝи помогнат на С. Македонија да обезбеди поголема транспарентност, да ги спроведе реформите, да стави крај на политичкото мешање и да бара одговорност од корумпираните актери“, објави Нефју на Твитер.

„Се зголемува притисокот од САД врз македонската влада. На многу македонски граѓани им е преку глава од сета корупција/кронизам/криминал, но и од странски фактори кои ги доживуваат како мешање во внатрешните работи и делување империјалистички. Ефектот е повеќе незадоволство, поларизација и одлив на мозоци.

Ефектот дополнително е зајакнат и зголемен поради мешаните пораки: САД вршат притисок за борба против корупцијата/кронизмот/криминалот, но ја промовираат ‘Бехтел-Енка’ (сомнителна репутација, вклучително и мито) со супервизор познат по лошата репутација (+проект предводен од инсталирани политичари од САД со соодветен статус).

Правилно нешто што треба да се направи би било: да се започне проектот од нула и да се има вистинска/чесна тендерска постапка; исклучете ги руските/кинеските супервизори/другите лоши компании и истражете ги шансите за поддршка од ЕУ (како Србија што доби поддршка од 600 милиони евра за транспортните линии). Ама, не со оваа македонска влада“, реагира Ван ден Берг на твитот од Нефју.