Холандскиот експерт за Западен Балкан, Ханс ван ден Берг, реагира за објавата на потпретседателот на Европската комисија, Жозеп Борел, за средбата со претседателот Стево Пендаровски.
„Разговарав со претседателот Пендаровски за итноста од продолжување со ЕУ-реформите за доброто на граѓаните на Северна Македонија.
Ги ценам неговата улога и придонес за регионалната соработка во Западен Балкан“, објави Борел на Твитер.
„Македонските граѓани се уморни од ЕУ, која секогаш бара повеќе од Македонија (ако не реформи, тогаш нефер/пристрасни предлози, без реципроцитет, а со тоа и губење на идентитетот/историјата итн.) плус соседите, кои исто така секогаш бараат повеќе (еднострани отстапки). На граѓаните на Македонија до сега им е доста“, прокоментира Ван ден Берг под твитот на Борел.