Ханс ван ден Берг, експерт за Балканот од Холандија, го коментира одењето на Бугарија по стапките на Грција во условувањето на евроинтеграцијата на Македонија.

„ЈИЕ дефиниција за ‘поддршка’, во Грција и Бугарија: отсекогаш сме ги негирале правата на оние кои се идентификувале со македонскиот идентитет и направивме сè за да му се спротивставиме. Ако Македонија сака да ѝ се приклучи на ЕУ, рековме дека етничките Македонци и нивната матична земја мора да го негираат таквиот идентитет“, реагира Ван ден Берг на Твитер за изјавата на бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева: „Нашата поддршка за Северна Македонија трае 30 години. Ние ја прифаќаме реалноста, но тие мора да го прифатат минатото.