Ван Ден Берг: Бугарија ќе ја држи Македонија во заложништво

Холандскиот експерт за Балканот Ханс Ван Ден Берг ја коментира информацијата на МИА и најавата на Француското претседателство со ЕУ за Западен Балкан како приоритет на Париз до Јули додека е на чело на унијата.

Според балканскиот експерт на најавата не треба да се гледа со оптимизам затоа што се работи за непроменливи трендови.

,,Тоа прилично добро ја сумира статус кво ситуацијата. Прв приоритет: Француско претседателство (и на ЕУ и на француската нација). До средината на 2022 година, Западен Балкан може, само може, да стане француски/европски приоритет. Во меѓувреме Бугарија ќе ги држи Макединија и Западен Балкан како заложник како и целата претходна година. Штетата ќе се зголеми”, пишува Ван Ден Берг.

Според него може да се извлечат поуки од 2021 година.

,,Иако Бугарија има легитимна причина да се обидува да ги заштити своите национални интереси, таа треба да разбере дека таков процес функционира само под услови на еднаквост и реципроцитет (како што Македонија ја научи лекцијата со билатералните договори). Нова реалност”, заклучува холандскиот експерт за регионот.