Влада: Нема информација за поплнување амбасадорски места во Берн и Белград

Нема информација за пополнување нови амбасадорски места, изјави портпаролот на Владата Душко Арсовски одговорајќи а новинарско прашање, дали се точни пишувањата во медиумите денеска дека Реџеп Демири и Андреј Жерновски се новите амбасадори за Швајцарија и Србија.

Арсовски не даде други детали туку само кажа дека ваква информација нема и дека кога би се добиле агремани од земјите домаќин, јавноста веднаш ќе биде информирана.