Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти денеска дека вакцинирањетосо вакцини „фајзер“ ќе започне утре во домовите за стари лица, бидејќи се покажа дека тие биле најризична категорија на население.

„За нас е многу важно вакцинирањето да започне утре, а ќе започне во домовите за стари лица, затоа што е важно да ги заштитиме овие луѓе, бидејќи се покажа дека повеќе од 80 проценти од жртвите на овој вирус се постари.

Според него, како сигнал дека вакцинацијата е добра, вакцината на оваа компанија ќе ја прими некој од врвот на државата, а таквата пракса ќе продолжи со вакцините од другите производители што ќе се набават.