Вакцинираните и прележаните нема да добиваат решенија за самоизолација

Вакцинираните и прележаните нема да добиваат решенија за самоизолација и покрај контактот со заразено лице. Ова денеска го потврдија од Центарот за јавно здравје. Тие мораат да продолжат да одат на работа со физичко присуство, и покрај тоа што биле во контакт или имаат во семејството заболено лице. А, како што е познато, иако вакцинираните многу помалку имаат шанси да се заразат и да го пренесуваат коронавирусот, сепак, вакцината кај нив може и да „пробие“, односно тие сепак да покажат позитивен корона тест, а со тоа да заразат и други граѓани.

Од Центарот за јавно здравје на земјава се децидни дека според новите протоколи, вакцинираните лица со две дози, кај кои поминале две недели од втората доза, не добиваат решенија за самоизолација. Истото важи и за граѓаните кои веќе ја прележале болеста.