Вакцината против Ковид-19 ќе штити една година, достапна веќе од октомври?

Вакцината против коронавирус, која е во фаза на развој, ќе штити од болеста околу една година, соопшти компанијата „Астра Зенека“, која работи на неа заедно со Универзитетот Оксфорд.

Во тек се испитувања на лекот врз луѓе и ако се покаже успешен ќе бидат произведени две милијарди дози, пренесува Скај њуз.


Извршниот директор на „Астра Зенека“, Паскал Сорио, за белгиските медиуми изјави дека првата фаза на испитување на вакцината во Велика Британија е при крајот, а третата фаза е веќе почната и во неа таа се дава на илјадници луѓе.

„Сметаме дека може да штити околу една година. Ако сè помине добро, ќе имаме резултати веќе во август или во септември, а веќе во октомври вакцината би можела да се најде на пазарот“, изјави Сорио.