Досега невидена честитка за било кој национален празник до Македонците е упатена од компанијата Polyesterday која во чест на празникот Ден на македонската револуционерна борба или популарно наречен Ден на ВМРО објави видео поздрав до граѓаните.

Во видеото на чело на човечкиот триаголник е сопственикот Филип Спасовски а зад него во соодветна кореографија се поставени сите менаџери и вработени.

Во позадина на видеото кое е снимено со дрон се слуша македонската национална химна ,,Денес над Македонија се раѓа …”.

Во видеото се гледа дека компанијата Polyesterday освен што си ја сака Македонија е енергетски одговорна и има поставено фотоволтаици на своите производствени објекти.

Poliyestreday е водечка македонска компанија за изработка на маркетинг, рекламни и други промотивни материјали а нејзината фирма ќерка Акцент Медиа е водечки играч во таканаречениот ,,outdor” маркетинг односно во бизнисот со рекламни паноа/билборди.

За видеото отворете го линкот

https://www.facebook.com/638861078/posts/pfbid02naFKDf4EbBRoLA3f5Ebitqnt6czp8U13kG4uUywDKTF84Au92eT3wYMyim9Di7f9l/