Бугарскиот вицепремиер и министер за финасии, Асен Василев вели дека ЕУ се обраќа на погрешна адреса кога бара да се реши бугарско-македонскиот спор.

„Вистината е дека има проблем и тој не може да се стави под тепих“, вели Василев.

Но, според него, проблемот е во тоа што Европа порачува „Договорете се со Македонија за откочување на процесот“.

Тој смета дека првиот чекор што треба да се направи „за да започне ослободување на процесот, е да ги убедиме нашите европски партнери дека не е Бугарија таа што треба да се разбере со PCM, туку ЕУ треба да се разбере со PCM.

Тоа значи дека ЕУ треба барем делумно да го прифати бугарскиот став дека има проблеми со говорот на омраза, со проблемите на Бугарите во РСМ.

И кога ЕУ ќе го прифати ова, проблемот ќе биде меѓу ЕУ и РСМ, а не меѓу РСМ и Бугарија.

Сè додека добиеме поширока посветеност и разбирање за нашиот став, Бугарија нема начин да го укине ветото“, вели Валисев, како што пренесуваат бугарски медиуми.