В.Д. амбасадорот на Македонија повикан на „рапорт“ кај Захариева

По наредба на вицепремиерката Екатерина Захариева, пв.д. амбасадорот на Македонија во Софија е повикан во Министерството за надворешни работи на Република Бугарија за да објасни дали македонската влада е поврзани со „клеветничката кампања“ против Бугарија што ја води Институт за Блиски исток и балкански студии “(IFIMES), објави бугарското МНР.

„Меѓународен институт за блискоисточни и балкански студии“ објави низа написи со јасна цел да го дискредитира и поткопа престижот на нашата земја, преку лажни, искривени и манипулативно презентирани информации, јавуваат бугарски медиуми

Министерството на Екатерина Захариева, како што пренесуваат бугарски медиуми, е крајно загрижено од извештаите дека поранешни или сегашни советници на претседателот на Владата на Македонија се вклучени во управувањето со институтот.

На веб-страницата на владата на Македонија се наведува дека словенечката организација има договор со извршната власт во Скопје од 2017 до 2020 година, за што добивала 1.000 евра месечно.

Софија била збунета и од заканите кон Васил Гарванлиев и дискриминацијата на Бугарите во Македонија…