Узунов: „Улогата на САД во менувањето на Уставот на РМ, заради Бугарија, и нивниот ‘прокси“ неонацистот и терорист Али Ахмети“

Сигурно е дека во 2023 година Соединетите Американски Држави ќе играат огромна улога во промената на Уставот на Македонија во име на сојузникот Бугарија. Американската амбасадорка во Македонија Ангела Агелер пукаше од сите пушки околу кампањата за борба против корупцијата во Македонија. Но, тоа е лошо прикриена чадна завеса за мешање во внатрешните работи на Македонија и за вршење притисок врз македонските политичари да го прават она што ќе им се каже, или оти ќе може да бидат ставени на вашингтонската ‘Црна листа’ на корумпирани личности.“ – тврди австралискиот „фриленсер“ новинар и истражувач Саша Узунов во својата статија со наслов „2023 – Добри, лоши & Ахмети“, која е објавена на 6 јануари 2023 година на блог-страницата „Alternate Comms.“

Узунов пишува: „Фокусот врз корумпираните политичари во Македонија е високоселективен. На пример, Али Ахмети, десничарскиот албански неонацистички терорист, кој ја покрена војната во Македонија во 2001 година, по војната беше преобразен во цивилен политички водач и доби дури парламентарна амнестија. Директна вистина е дека САД смислено го инсталираа за време на војната во 2001 година, додека Вашингтон се преправаше дека е ‘чесен брокер (посредник)’.“

„Ахмети се покажа како 100-процентен прокси (застапник) на САД. Тој никогаш не бил под истрага за корупција. Тој беше на власт со македонскиот премиер Никола Груевски една деценија од 2006 до 2016 година. Груевски беше соборен во ‘Шарената револуција’, спонзорирана од САД во 2016-17 година поради ‘корупција’. Но, Ахмети остана како тефлон на тава и ништо не се залепи врз него. Тешко е да се поверува за огромната моќ, што ја поседува Али Ахмети.“

„Во изминатите две децении неговата политичка партија ДУИ беше во секоја коалициска Влада во Македонија, потврдувајќи го како кингмејкер (човек што ги доведува политичките лидери на власт преку вршењето на своето политичко влијаење). Тоа е огромна моќ за еден човек, што потекнува од албанското малцинство во Македонија, кое брои едвај 17 проценти од населението, но со измама е надуено на 25 проценти преку наместен попис минатата година. Интересен е фактот што Али Ахмети  однапред точно ја предвиде оваа бројка.“

„САД одбиваат да ја осудат, а камоли да ја коментираат поддршката на Али Ахмети за десничарската албанска неонацистичка идеологија, која го вклучува длабокото почитување на албанските нацистички квислинзи од Втората светска војна Џем Хаса – Гостивари и Аќиф Кроси Речани. По 2006 година Невзат Бејта, поранешен воен командант од 2001 година и близок поручник на Ахмети, изгради статуи на Џем Хаса и Аќиф Кроси. Срамота е што соработниците на нацистите, во овој случај Албанци, можат да бидат херои обожувани во 21 век во Македонија. Но, тоа е последица на малигното мешање на САД во Македонија.“

„Сојузникот на САД Бугарија побара одредени услови, во реалноста испостави листа на уцени, да бидат исполнети од Македонија пред Бугарија да го отстрани ветото за влез на Македонија во Европската унија. Едно од тие клучни барања е бугарското малцинство, едвај 3.500 лица, да биде вклучено во Уставот на Македонија, и покрај тоа што бугарското малцинство и другите групи веќе имаат загарантирани права според македонското и меѓународното право. Истото не може да се каже за Македонците во Бугарија, кои таа одбива да ги признае. За промена на Уставот на Македонија е потребно двотретинско мнозинство, што значи дека 80 од 120 пратеници треба да гласаат за промената. Засега нема 80 пратеници ‘за’, сè уште!“

„Бугарија е клучен сојузник на САД и НАТО. Во Бугарија има четири американски воени бази и тие, во светлината на руско-украинската војна, станаа стратегиски уште повредни за Вашингтон. Згора на тоа, Франција и Германија, клучниот сојузник на САД и НАТО, ѝ беа ментор на Бугарија и му дозволија на својот штитеник да се извлече со безобразното однесување во промовирањето на неонацизмот и антисемитизмот,  но и антимакедонизмот во Македонија, како цена за влез во ЕУ.“

„Она што не го знаеме е како и кога САД ќе направат промена на Уставот на Македонија. Она што можеме да го направиме е да ги погледнеме претходните потези од американската игротека во Македонија. Во 2017 година имаше бунт во македонското Собрание, што повеќе личеше на американска операција под лажно знаме, за да се создаде впечаток на тероризам и наводно руско мешање во Македонија, кои упаднаа во Собранието, спротивставувајќи му се на Зоран Заев, „прокси“ (застапник) на САД, да ја преземе власта.  Во текот на подоцнежните судски процеси државните обвинители не изнајдоа никакви докази за наводното руско мешање.“

„Како последица на тој бунт во 2018 година осум пратеници од партијата ВМРО-ДПМНЕ добија закани преку обвиненијата за корупција и тероризам. Како размена, тие гласаа со владејачката коалиција на Заев, инсталирана од САД преку ‘Шарената револуција’, за промена на името Македонија и на нејзиниот Устав.“

„Можеме да шпекулираме дека САД во 2023 година, исто така, би можеле да преземат одредена операција под лажно знаме: страв од лажен тероризам, лажни закани со бомби и така натаму со намера пратеници од опозицијата да се вклучат во гласањето за уставни промени. Или преку закани и поткупувања најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ, која што се противи на промената на Уставот, да „заигра со таа топка“. Треба да причекаме и да видиме како ќе се одвиваат работите во 2023 година.“

„ВИП – ‘билетот за слободно минување’ на Бујар Османи“

„Македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи е десничарски албански неонацистички екстремист од партијата ДУИ, предводена од Али Ахмети, поранешниот терорист преобразен во политичар и лојален „прокси“ на САД. Османи, како и Ахмети, им е наметнат од САД на Македонците. Тоа е форма на психолошка војна. Таму е, за да ги потсети Македонците на суров, понижувачки начин дека Вашингтон е газда.“

„ДУИ отворено ги почитува соработниците на нацистите од Втората светска војна Џем Хаса – Гостивари и Аќиф Кроси Речани, кои убиваа Македонци и Албанци за време на Втората светска војна. Еден од водечките луѓе во ДУИ Невзат Бејта дури им изгради статуи на овие нацистички квислинзи. САД и Западот се добро запознати со постоењето на овие статуи, но смислено дејствуваат како да нема ништо да се види овде.“

„Според германското право, член 130 од Кривичниот законик, величањето на нацизмот и или негирањето на холокаустот е кривично дело. На британскиот писател и неонацист Дејвид Ирвинг поради овој закон му е забранет влез во Германија. Но, не на Османи, ниту на Али Ахмети. Тоа е така, бидејќи тие им служат на германските и американските стратегиски интереси, како што се промената на името на Македонија, бришењето на нејзиниот идентитет, за да се смират сојузниците на САД Грција и Бугарија.“

„Бидејќи албанските неонацистички екстремисти беа во можност да се извлечат со промовирањето на нивната грозна идеологија во Македонија со западна поддршка, Бугарија беше охрабрена да ги „одврзе“ својот антисемитизам и негирањето на холокаустот, нако и антимакедонизмот во Македонија, сето тоа со благослов на Вашингтон, Брисел и Берлин.“

„Ова сега нè доведува до трикот, што го турка Османи: ВИП-картичка за истакнати Македонци, кои живеат во дијаспората што ќе им даде побрз, полесен пристап до Македонија и одредени привилегии. Се вели дека ВИП-картичката им дава чест на оние ‘истакнати’ Македонци во странство, кои на некој начин и помогнале на Македонија. Но, тоа звучи како очајнички обид да се промовира режимот во Македонија и да се запре секоја можна критика. Голема е веројатноста дека мнозина од „угледните“ Македонци не се ни свесни дека се изманипулирани.“

„Изгледа дека е ова зготвено од Амбасадата на САД во Македонија како дел од нејзините психолошки операции и пропаганда, за да му ја продаде на македонскиот народ надворешната политика на САД за Македонија, што конечно значи бришење на македонскиот идентитет.“

„Тоа е, исто така, начин да се обели, или да се ублажи неонацистичката позадина на Османи, со тоа што тој ќе биде претставен како добро уреден меѓународен државник, кој и добро зборува. Но никакво количество на извртувања на вистината не можат да го сторат тоа. Ако САД и Западот, вклучувајќи ги и Европската Унија, Германија, Холандија се сериозни во врска со ‘пакувањето’ на имиџот на Бујар Османи, триковите нема да измамат никого.“

„Ако се тие сериозни, тогаш ќе ги натераат Бујар Османи и Али Ахмети да ги урнат статуите на албанските нацисти од Втората светска војна и ДУИ да објави официјално соопштение, со кое ќе ги осуди албанските нацистички соработници во Втората светска војна, вклучувајќи ја и квислиншката милиција Бали Комбетар.“