Увозот на скапа енергија и донесе на ЕУ рекорден трговски дефицит

Увозот на скапа енергија лани, на Европската унија и донесе најголем годишен дефицит од рекордни 432 милијарди евра. 

Во надворешно-трговската размена една година претходно – во 2021 е забележан суфицит од 55 милијарди евра, а во 2020 плусот во трговијата со останатиот дел од светот беше 215 милијарди евра.

Како што соопшти Евростата, негативниот резултата во размената се должи, пред се, на големиот пораст на вредноста на увозот на енергија, кој започна кон крајот на 2021 година и продолжи во поголемиот дел од 2022 година.

Лани поради зголемувањето на цените,  евидентирани највисоки стапки на раст и на увозот и на извозот во последните десет години, меѓутоа увозот е зголемен за неверојатни 41, додека извозот за 18 отсто.

Инаку ова е прв дефицит во надворешно трговската размена на ЕУ во изминатата деценија.