Антикорупциска утврди дека постои судир на интереси во предметот за укинување на акцизите за литиумски батери, предметот отворен против вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
Анѓушев, кој има бизнис со акумулатори, присуствувал на седница на Влада каде била усвоена одлуката за намалување на акцизите за литиумски батерии од 15% на нула, пренесува РСЕ, повикувајќи се на извори од Антикорупциска.
Против него беше поднесена пријава по основ на судир на интереси, а фирмата на Анѓушев е единствената што се занимава со оваа декјност во земјава.