Утре затворени неколку улици во Скопје – доаѓа Еди Рама

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека утре, 6 јули, ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради официјалнаат посета албанскиот премиер, Еди Рама.

За сообраќај ќе бидат затворени следните сообраќајници: бул. „Александар Македонски“, ул. „Беласица“, бул. „Гоце Делчев“, бул. „Климент Охридски“, ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“, дел од ул. „Франклин Рузвелт“ и ул. „Орце Николов“.

Еди Рама доаѓа во официјална посета на покана на претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.

Како што објавија од прес-службата на Владата, Рама ќе биде пречекан со највисоки државни почести.

Покрај Скопје, предвидено е Рама да ги посети и Белград, Сараево, Приштина и Подгорица, објавија албанските медиуми.