Утре протест на лицата со дијабетес

Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија најави дека во петок во 19 часот ќе протестира пред Министерство за здравство, бидејќи не добиваат терапија.

„После најдолгото трпение, најголемата конструктивност, најпосветени за соработка. После многу инвестирање во достоинството наше на лицата со дијабетес завршија сите рокови, логички правни, измислени и смислени манипулации. Заврши времето на лаги и обезличување на 150.000 граѓани, на 45 лица со дијабетес на Инсулин.

Нашето Министерство за здравство и Владата ги манипулираа 700 дечиња и млади со пумпи, сетови за пумпи, сензори, глукомери и со терапија! Имаме најиновативна инсулинска и анти – дијабетна терапија. Благодариме, НО НЕ ЈА ДОБИВАМЕ! “, стои во соопштението од Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија.