Во Основниот суд во Тетово минатата недела се одржаа завршните зборови на Обвинителството и одбраната на обвинетите кои се товарат за неколку кривична дела поврзани со пожарот во модуларната болница во септември 2021 година кога животите ги загубија 14 луѓе.
Пресудата е закажана за утре, понеделник, 05 јуни во 11.00 часот во Основниот суд во Тетово.
Поранешните директори, Флорин Бесими и Артан Етеми се обвинуваат за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека докторот Бобан Вучевски за „непостапување според здравствениот прописи за време на епидемија“.
Клиничката болница како правно лице се товари за две кривични дела, прво за „предизвикување општа опасност“ и за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.
Тие на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението но дека не чувствуваат вина. Судењето започна во декември 2022 година.
По речиси час и половина образложување, судијата Јордан Велковски истакна дека заврши главната расправа и дека пресудата ќе ја соопшти на 5 јуни понеделник во 12 часот.
На социјалните мрежи се споделува повик за поддршка во понеделник на Др. Бобан Вучевски кој е неправедно обвинет.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=774906664178821&set=a.614021413600681&type=3