Утре почнува “NASA SPACE APPS CHALLENGE 2020” – и Скопје дел од глобалниот проект

Учесниците ќе можат да разговараат со 5 ексклузивни говорници од NASA, Google,
Blue Origin, MIT меѓу кои и Астронаут со 2 лета во Вселената

Овој викенд Скопје ќе биде дел од еден од најголемите хакатони во светот, NASA Space Apps Challenge на кој ќе земат учество над 25.000 учесници од 200 виртуелни локации на 5 континенти.

Официјалниот почеток од страна на глобалните организатори е закажан за вечерва од 20.00 часот со виртуелното гостување на NASA Астронаутот Mary Cleave која остварила 2 мисии во Вселената.

Нејзиното обраќање ќе може да го проследи целата јавност на
YouTube каналот на настанот https://m.youtube.com/c/NASASpaceAppsChallenge/videos

За потсетување, NASA Space Apps Challenge оваа година кај нас ќе се одржи по 8-ми пат во организација на Њуменс Бизнис Акцелератор од 3ти до 4-ти октомври 2020, но за прв
пат ќе биде во форма на комплетно виртуелен настан заради безбедност на ситеучесници. Настанот традиционално е поддржан од страна на Амбасадата на САД во Скопје.

Реализацијата ќе биде овозможена од глобална виртуелна форма преку која можат да се формираат тимовите, заеднички да се работи на решенијата, а учесниците ќе можат и директно да разговараат со локалните ментори, експертите од NASA, и другите
вселенски агенции како ESA, CNES, JAXA и CSA кои ги креираа овогодинешните
предизвици.

Пријавувањето е отворено до утре (сабота, 3 октомври, 9:00 часот) и може да го направите индивидуално или со тим на https://forms.gle/YyiB4xjhjookojqS7 или на глобалната страна https://2020.spaceappschallenge.org/locations/skopje/.

Дополнително по 6-ти пат се организира и натпревар за најмладите NASA KIDS Space Challenge за сите на возраст од 4 до 14 години, со можност поискусните да се натпреваруваат на таканаречени “Младински предизвици” и да влезат во конкуренција со повозрасните за глобалната награда посета на NASA Kennedy Space центарот во
Флорида, САД.

Посебна чест ни е што може да ги најавиме и претставиме тројцата инспиративни, уникатни гости за локацијата Скопје со кои ќе може директно да се разговара за нивниот
едукативен и Кариерен пат.

Имено, тимот на Њуменс Бизнис Акцелераторот специјално за учесниците на овогодинешниот хакатон, ви ги претставува виртуелните гостувања на:
1. Maya Nasr, Аеrospace докторант на MIT, која работи на Mars Oxygen ISRU Experiment за NASA Jet Propulsion Lab’ Mars 2020 мисијата (најновиот Perseverance Ровер) која потекнува од Либан но успева да добие стипендија Ина 16 години да замине во Америка – сабота, 3 октомври од 15.00 часот
2. Kenny Vassigh, Сениор Технички Програм Менаџер во GOOGLE и Технички и
програмски менаџмент во NASA Ames Истражувачкиот центар во период од 12
години – сабота, 3 октомври од 18.00 часот
3. Max Fagin, Aerospace Systems Engineer во Blue Origin (Вселенската компанија на Jeff Bezos), Commander at the Mars Desert Research Station и основач на светски познатиот бренд Made in Space – Стартап кој изработува 3D алатки во Вселената за астронаутите кои живеат на Меѓународната Вселенска Станица – на 4 октомври, недела во 21.00 часот

Еве ја и официјалната програма за претстојниот хакатон:
1. Официјално онлајн отворање на NASA Space Apps Challenge локација Скопје: 3
октомври, сабота, од 9:00 часот

2. Официјално онлајн отворање на NASA KIDS Space Challenge: 3 октомври, сабота, 10:30 часот
3. Презентации и претставување на решенијата на секој од тимовите пред жири: 4 октомври, недела,17:00-21:00 часот
4. Официјална церемонија за доделување на наградите: вторник / среда
(дополнително ќе се прецизира и објави во зависност од ситуацијата и состојбата со КОВИД 19 и истата ќе биде или виртуелна или во живо со почитување на сите препорачани мерки). Во рамките на церемонијата ќе ја вклучиме како гостин предавач Дебора Диаз, Chief Technology Officer на NASA од 2009 до 2016 год.

На крајот од Хакатонот ќе бидат прогласени 3 победнички тимови кои ќе добијат трофеи и награди обезбедени во соработка со Sony, а ќе бидат номинирани и за една од 6-те
глобални награди од NASA со можност да добијат покана за посета на Kennedy Space Центарот во Флорида и да присуствуваат на полетување на ракета, по отворањето на границите со САД.

Следете за редовни апдејти на: https://www.facebook.com/NASASpaceTechMK и https://www.facebook.com/NewMansBA