„Ме чуди фактот што Алијансата за Албанците вчера во текот на целиот ден не кажа ниту збор, ниту реакција во врска со осудите во случајот со палењето на Модуларната болница во Тетово, каде што беа 14 граѓани изгореа живи. Пред една година оваа партија импресионираше со острите реакции на оваа партија против сега нивните коалициски партнери, кога имаше кажано: ‘Моќта на хибридниот режим е поважна отколку животот на граѓаните!“ – вели Насер Пајазити, одговорниот уредник на информативната агенција на албански јазик Илирија – ИНА, во својата колумна со наслов „Алијансата за Албанците во опозицијата реагираше остро, а сега молчи!“, која ја објави информативниот портал „Алмакос“.
Пајазити пишува: „Да бидат живи запалени 14 луѓе и никој да не не заврши зад решетки, туку само со условни казни, тоа навистина се случува само во заробените правосудни системи. Не алармираат напразно нашите меѓународни сојузници, особено САД, за овој распад на системот на правдата!“
Инаку, партијата на Арбен Таравари утре ќе соопшти кои биле резултатите од нејзиното досегашно учество во Владата. „Алијансата за Албанците за утре со почеток во 11 часот најави отчет за тоа што сработиле нејзините функционери во овие први 100 дена од владеењето во централната власт.“ – објави ТВ Клан Македонија.
ТВ Клан Македонија пишува: „Лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, придружуван од партиските функционери во Владата, ќе одржи прес-конференција, на која ќе ги изложи работата и достигнувањата на кадрите на Алијансата за Албанците во текот на стоте дена од владеењето.“ – се наведува во соопштението од оваа партија.