Утре во периодот од 04.00 до 19.00 часот, ќе има краткотрајни прекини во снабдувањето со електрична енергија на корисниците од населбите Аеродром, Центар, Пролет, Мичурин, Кисела Вода, Припор, Пржино и Црниче.
Причина за ова се планирани технички зафати од страна на ЕВН Македонија на главниот далековод од ТС 400/110 КV Скопје 4 до ТС 110/35/10 КV Југ јави Регионалниот центар за управување со кризи.