За само две години секој македонски граѓанин преку државниот буџет е задолжен за по нови 1000 евра.
Ова го покажува пресметката на “дупките” во буџетите за 2020 и 2021 година кои ги открива пратеникот и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски на дебатата за буџетот за 2021 година.
Според буџетот владата за овие две години има празнина од една милијарда и 600 милиони евра која што ќе мора да ја надополни со заеми кои што ќе треба да ги враќаат граѓаните со даноци и други давачки кон државата.
Со оглед на тоа што во земјава според повеќе анализи нема повеќе од еден милион и 600 илјади жители тоа значи дека секој граѓанин што во моментов живее во Македонија за само 24 месеци има нов долг од по 1000 евра per capita односно по глава на жител.
Во анализата на Николовски на вториот највисок буџет според сумата што ќе ја потроши владата 4 милијарди и 25 милиони евра Николовски се откриваат и други замки и манипулации на владата со буџетот.
Повеќе во видеото