Уставните измени се најлесното прашање во преговорите со ЕУ, уверува Османи!

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма порача дека измените на Уставот заради вклучување и на Бугарите во него се „најлесното прашање“ што Македонија треба да го реши во рамиите на преговарачкиот процес за членство во Европската унија.

„Уставните измени не се контроверзни, единствено партиите ова го прават заради лични интереси и за свои позиции. Ајде да ја сведеме дебатата на таа тема и навистина да излезат пред граѓаните и да кажат: ‘Јас сакам избори заради тоа што вие сакате ЕУ’, како ЕУ да е само за нас важна. Немаат аргументи против, не може да се издржи опонирањето на уставните измени. Последиците се многу тешки зашто прекинуваат преговорите, се губи моментот, а кога се губи моментот тешко се враќа. Значи, не може ниту една политичка структура да живее со отпорот којшто ќе го имаат граѓаните поради прекин на европскиот процес“, објасни Османи.