Уставниот суд вчера едногласно одлучи да не отвори постапка по иницијативата за оценување на уставноста на Законот за ратификација на преспанскиот договор со што тој останува на сила а државата ја задржува одредницата „Северна“ која е во согласност со договорот.

Указот и Договорот од Преспа пред Уставен суд

„Судот одлучи да ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Указот со кој е прогласен овој Закон и да ја отфрли иницијативата за оценување на законитоста на претходните два акти и нивната усогласеност со член 3 од Законот за склучување ратификација и извршување на меѓународни договори и Виенската конвенција за договорно право. За овој предмет беше спроведена темелна постапка, подготвителна седница и сеопфатна анализа на уставно судската пракса.

Уставниот суд цени дека Указот не содржи правни норми. Не е пропис, тој е дел од процедурата и кога Уставниот суд укинува или поништува Закон, Указот не се укинува посебно“ изјави Добрила Кацарска,претседател на Уставен суд, пренесува „Гласот на Америка.

Според уставниуте судии прекршување на Уставот има само од тогашниот претседател Ѓорге Иванов кој иако морал не го потпишал указот.

Законот за ратификација е објавен само со еден потпис бидејќи престедателот Иванов го прекршил Уставот.