Уставниот суд одлучи дека поништената аболиција на Иванов е законска и уставна.
Со мнозинство односно 5 гласа за и 3 против судиите одлучија дека помилувањето кое го повлече екс претседателот останува на сила.
Со оваа одлука, на обвинетите во предметите на поранешното СЈО подолжува да им се суди. Во 2016 Иванов аболицираше 56 лица, а потоа ја поништи аболицијата. Лани беше поднесена иницијатива до Уставен за оценување на уставноста на членот на кој се повикал претседателот.
Минатата недела седницата беше одложена за денеска кога и конечно се произнесоа. Сител