Уставен експерт: Бугарите не смеат да ја претворат Македонија во досега невиден експеримент

Уставната експертка Тања Каракамишева Јовановска го коментира планот со кој поради бугарското барањето за вметнување на Бугарите во макединскиот устав во него ќе се најдат сите етнички групи кои живеат во Македонија.

Такво нешто според професорката по уставно право не се случило никаде на светот.

,,Сите што релативизираат нека ми најдат ЕДЕН УСТАВ во светот во кој се набројани сите групи што живеат во државата во Преамбула или во кој било друг дел од уставот и нека го покажат како пример!Одговорно тврдам,НЕМА ТАКОВ!Зошто МКД да биде светски уставен експеримент?ЗОШТО ПОБОГУ?”, прашува професорката по уставно право која предава и политички систем.