Пласманот на своето седмо Европско првенство најдобрите македонски ракометари го заверија со триумф и во реваншот со Швајцарија, овојпат со 29:28 во Скопје.

Избраниците на селекторот и капитен Кирил Лазаров го завршија квалификацискиот циклус со пет победи и еден пораз за 10 бода, колкју што има и олимпискиот и светски шампион Данска, кој падна во Скопје.

Токму Лазаров и Филип Кузмановски со по 6 гола беа најефикасни во македонскиот тим, кој своите противници на ЕП 2022 во Словачка и Унгарија ќе ги дознае в четврток од 18 ч.