Согласно новата методологија за усогласување на пензиите, Владата донесе одлука почнувајчи од мартовската исплата, пензиите да се зголемат за 8,4 насто, соопшти Министеротсвото за труд и социјална политика.
Со новиот начин на усогласување на пензиите, предвид се зема растот на трошоците на живот и растот на просечната плата. Усогласувањето на пензија се врши според движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50% и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Северна Македонија во висина од 50%.
Пензијата согласно новата Методологија, се усогласува на 1 март и на 1 септември секоја година.
Усогласувањето на мартовската пензија согласно методологијата ќе се зголеми за 8,4 % (пораст на плати 6,1 и пораст на трошоци за живот 10.6%) со што просечната пензија од 17.666 ќе се зголеми на 19.150 денари.
