Наближува крајниот рок за аплицирање на повикот за Наградите за предводниците на Целите на одржлив развој.
Доколку вложувате во практиките за општествена одговорност и во заедниците, а со тоа придонесувате кон исполнување на најмалку една цел од Целите на одржлив развој на ОН, ве покануваме да се пријавите.
Крајниот рок за пријавување е 20-ти мај 2021 година.
Пријавувањето е по електронска пошта на konekt@konekt.org.mk.
Сите информации за аплицирање се достапни ТУКА.
Наградите ќе се доделуваат за спроведени практики во последните 3 години. Критериумите за подобност се поделени во 3 категории и тоа:
Поединци вработени во компании кои преку својата работа во компанијата иницирале програма или промена која води до реализација на било која од Целите за одржлив развој;
Компании коишто се предводници во одржливиот развој, стратешки се определени да креираат одржлив бизнис и преку своја конкретна платформа или иницијатива придонесуваат кон реализирање на една или повеќе цели од Целите за одржлив развој;
и Млади бизнис лидер(к)и од компании на возраст до 35 години кои преку своето работење ги промовираат Целите за одржлив развој и придонесуваат кон нивно реализирање.
http://konekt.org.mk/sdgawards/