Седум лица загинаа, а едно е тешко повредено во две престрелки во заливот Халф Мун во Северна Калифорнија, пренесе Си-Ен-Ен.
Канцеларијата на шерифот на округот Сан Матео на Твитер ојвави дека
„осомничениот е во притвор. Во моментов нема никаква закана за јавноста“.
Првично беше објавено дека едно лице починало, а три се повредени на фармата за планински печурки, повикувајќи се на извори од органите на редот.
Телевизијата NBC „Bay Area“ подоцна го ажурираше тој број и објави дека седум лица загинале во двете престрелки.
Новото крвопролевање доаѓа помалку од 48 часа откако вооружен маж уби 11 луѓе во студио за танц надвор од Лос Анџелес.
