По скандалот со Фондот за здравство кој дваесетина дена беше нефункционален поради хакерски напад уште една од најважните македонски институции не е функционална онлајн.
Утрово не може да де пристапи до интернет сајтот на македонското Собрание.
Обидот да се пристапи на овој домејн или поддомејни е неуспешен.
Објаснувањето што се добива кога некој ќе се обиде да пристапи на страната на собранието е дека на сајтот му треба премногу време да се отвори.
Вакво техничко објаснување често се дава кога некој сајт е под хакерски напад.
Македонските власти засега не даваат објавување што се случува со сајтот на парламентот и дали се загрозени некои документи на оваа институција.
Предходно повеќе други државни институции беа предмет на хакерски напади.