За актуелната политичка сцена во светло на претстојниот состанок на врвот на ЕУ, францускиот предлог, како и случувањата на внатрешен план, функционирањето на Собранието, Новата разговара со претседателката на ДОМ, Маја Морачанин.

Според неа, а врз основа на , како што вели, информациите од медиумите, францускиот предлог не е прифатливо решение зашто не нуди можност за почнување на преговори со ЕУ. Таа е на став дека нема потреба од предвремени избори сега и повика на одговорно и конструктивно однесување од сите политички чинители.

Предходно и Павле Трајанов од Демократски сојуз и Горан Милевски од ЛДП го отфрлија францускиот предлог но не кажаа дали ќе заминат од владата ако СДСМ го прифати.

Целото интервју со Морачанин во кое се зборува и за правата на ЛГБТИ-луѓето и за носечкиот предзнак на партијата, зелената агенда на овој ЛИНК

https://novatv.mk/morachanin-vo-intervju-za-novatv-frantsuskiot-predlog-ne-e-prifatlivo-reshenie-ne-nudi-mozhnost-za-pochnuvane-na-pregovorite-so-eu/