Уште еден загубен живот на патот Кичево – Охрид

Нова жртва на контроверзниот патен проект автопатот Кичево – Охрид.

Денеска на 10.07.202 година во 14.30 цасот во СВР Охрид пријавена е сообракјајна незгода која се случила на магистралниот пат Охрид – Подмолје – Кичево во близина на Св.Еразмо.

Во незгодата едно лице го загубило животот а три се повредени од кои две имаат телесни повреди, потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Повредените се префрлени во болницата “Св.Еразмо ” .

Во незгодата учествувале три патнички и едно товарно моторно возило.

Поради увидот што го вршеле полициски екипи сообраќајот на овој патен правец беше пренасочен на стариот пат Струга – Охрид.