Во Лепосавиќ уште во раните утрински часови откако излегол од својата куќа бил уапсен уште еден Србин со иницијали У.В.

Тој е уапсен утринава околу 8 часот, кога излегол од населбата Тврѓан кон Лепосавиќ, во близина на местото викано Бункер.

Жителите на Лепосавиќ се собираат во близина на општинската зграда и се видно вознемирени од веста која стигна утрово, јавува Косово онлајн.

Силите на КФОР се засилени околу Лепосавиќ.

Во петокот на административниот премин Јариње беше уапсен здравствениот работник Далибор Спасиќ, а ден пред тоа во Лепосавиќ беше уапсен Србин кој е обвинет за наводен напад врз новинари.