Уште еден советник на Заев влезе во пресметка на Фејсбук

Откако во четвртокот портпаролот на Владата Миле Бошњаковски преку Фејсбук влезе во судир со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски и го нападна за ставови (не)искажани за време на ТВ дебатата со премиерот Заев, денеска уште еден член на владиниот тим за комуникации влезе во политичка пресметка на социјалните мрежи.

Соецијалниот советник за комуникации Марјан Забрчанец го коментираше експремиерот Груевски за неговото интервју на Сител.

Забрчанец со алузија на влијанието на Груевски на судскиот систем додека беше премиер напиша:

“НГ: Во мое време не познавав ниту еден судија.

Тефтерчето: Јас ги познавав сите, без грижи”.

Шефот на Забрчанец, премиерот Заев во понеделникот беше ослободен од обвинение за случајот поткуп откако Јавното обвинителство го смени обвинението а судот ги елиминира ПИ – мерките во кои се гледа и слуша како тогаш градоначалникот на Струмица од локален стопанственик бара да донира едно евро кај неговиот брат Вице за изградба на црква.