Во Дрисла се третирале 26 видови на опасен отпад за кој депонијата не поседувала инсталација според А-интегрираната дозвола, соопшти в.д. директорот Сретен Стојковски кој не знае колку време се третирал ваквиот отпад, но ја обвини екс-директорката Ана Петровска дека дозволила третман на опасен отпад и покрај лично извршената инспекција.

-Симптоматично е, како претходната директорка 5 месеци од издавањето на дозволата не реагирала, пред да биде разрешена, иако учествувала во инспекции и знаела дека дрисла нема инсталации за третман и преработка на опасен отпад.

Екс-директорката и сега кандидат за градоначалник на Скопје, Ана Петровска, вели дека станува збор за политичка хајка оркестрирана од политичката партија ДОМ, преку која партија и директорот на инспекторатот Сретен Стојковски ќе се бори за место во советот во Куманово, за да се наруши нејзиниот углед и чест, а воедно и појасни за што станува збор, демантирајќи дека не водела сметка за тоа како се постапува со опасен отпад во Дрисла.

Целиот текст тука.