Во областа Херсон, Украина, се формира изборна комисија, за организирање избори и референдум за приклучување кон Русија, објави викендов привремената управа на регионот.
„Со указ на началникот на воено-цивилната администрација на регионот Херсон од 22 јули 2022 година се формира изборна комисија на Херсонската област во состав од седум члена со мандат од три години и се распишува повик за номинации “, соопштија од администрацијата во саботата.
Властите нагласуваат дека регионот Херсон „има целосно право да го изрази своето мислење за тоа со кого да ја гради својата иднина и како ја гледа“.
Според меѓународната пракса, тоа ќе се утврдува преку избори и референдуми“, се вели во соопштението.

Претходно, привремената управа на регионот Запорожје најави формирање на изборна комисија за одржување референдум за приклучување кон Руската Федерација.
Како резултат на специјална операција, регионот Керсон сега е целосно под контрола на руските сили.
