Уште еден екс лидер на ЛДП добива висока државна функција.

Собраниската комисија за надворешна политика денеска заседава со цел да ја слушне платформата за амбасадорската мисија на Јован Манасиевски.


Екс министерот за одбрана и труд и социјална политика Јован Манасиевски на предлог на владата заминува за амбасадор во Турција.

Манасиевски е вториот екс лидер на ЛДП кој во последните месеци добива висока државна функција откако Ристо Пенов стана министер за локална самоуправа.

И Пенов и Манасиевски долги години пред да добијат високи функции не беа активни во политиката што за дел од познавачите на македонската политичка сцена може да значи дека во ЛДП се подготвува уште поблиска соработка меѓу оваа партија и СДСМ.

Целта на давање на функции на влијателни членови на либералдемократите е со цел на следните избори да не се повтори ЛДП да настапи сама или во коалиција со други помали партии како што тоа се случи на локалните избори кога настапи со ДОМ, тврдат дел од функционерите на ЛДП кои не се согласуваат со слепото следење на СДСМ која според нив не може да го врати рејтингот од 2017-18 година.