Уште двајца заробени руски војници се изјаснија за виновни за гранатирање град во источна Украина за време на второто судење за воени злосторства, јавува Ројтерс.

Доживотен затѕвор за руски војник кој уби цивил

Обвинителството бара Александар Бобикин и Александар Иванов да бидат осудени на по 12 години затвор за кршење на воените закони.

Одбраната се изјасни дека двајцата војници извршиле наредби и се покајале.

Бобикин и Иванов признале дека биле во артилериска единица која од руската област Белгород гаѓала цели во областа Харков во Украина.

„Јас сум целосно виновен за злосторствата за кои сум обвинет. Пукавме во Украина од Русија“, изјави Бобикин пред судот за време на сослушувањето.

Иванов побара да не му биде изречена максималната казна рече: „Се кајам и барам намалување на казната“.